Овој брз хроно леб секогаш го подготвувам кога немам леб, а ми треба за многу брзо време. Овде целата улога на брзо стасување на лебот ја имаат пецивото и киселата вода. Се крати цел оној процес на ферментација на лебот од 8-10 часа. 1. Сувите состојки ги ставаме во длабок сад. 2. Одозгора прелеваме со растопен путер. 3. На крај ставаме кисела вода и убаво мешаме. По потреба ако остане сува смесата, додадете уште кисела вода. Битно е да биде влажна и мека смесата. 4. Калапот за леб го обложуваме со хартија за печење или го премачкуваме со путер. 5. Смесата за леб ја распределуваме во калапот со влажни раце. Одозгора повторно убаво го влажниме лебот, буквално да има слој од вода. Нека не ве плаши тој момент, бидејќи со печењето ќе испари, а горната коричка ќе биде убава и крцкава. 6. Врз тестото наросуваме сусам, сончоглед, ким, лен и семки тиква. Се прават странични засеци на лебот и се става да се пече. 7. Се пече на 220 степени, околу 35-45 мин., со постоја проверка дали е печен. Овој леб одговара со секаква комбинација за хроно доручек. Клучни зборовиЛесно30 мин – 60 минпојадокинтегрален лебхроно исхранаХроно лебхронохроно рецептибрз хроно леббезквасен лебинтегрално ржано брашно. интегрално јачменово брашно Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови